ФОТО: Објавен неверојатен податок меѓу Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал го развија најголемото ривалство во тенисот, одиграа вкупно 59 меча, а еден податок кога се во прашање нивните меѓусебни дуели е неверојатен.

Имено, од октомври 2013 година, точно 70 различни играчи освоиле сет против Србинот на тврда подлога, но Шпанецот не се најде на оваа листа.

Причината е што „Бикот од Мајорка“ цели 11 години нема освоено сет против Ѓоковиќ на споменатата подлога. Ова навистина звучи неверојатно.

Последен пат тоа се случи во 2013 година на Мастерсот во Канада кога Рафа триумфираше со 6:4, 3:6, 7:6 (2).

Првиот светски рекет моментално се наоѓа во Индијан Велс каде првпат по 2019 година ќе настапи на споменатиот Мастерс. Ѓоковиќ во првото коло беше слободен, додека во второто ќе ги одмери силите со Австралиецот Александар Вукиќ.

Српскиот ас пет пати го освојуваше турнирот во калифорниската пустина, а титулата освоена минатата година ја брани Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот