ФОТО: Новиот државен јавен обвинител даде свечена изјава и вети дека ќе работи транспарентно и отчетно

Љупчо Коцевски Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Новоименуваниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска даде свечена изјава во Собранието и вети дека ќе работи транспарентно, отчетно и ефикасно. Коцевски порача дека нема да има селективност кога станува збор за гонење на сторителите на кривични дела.

Јавното обвинителство ќе биде отворено за јавноста и секако ќе бидеме во секое време достапни за предмети кои се во интерес на јавноста, рече Коцевски.

Љупчо Коцевски Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

На прашањето дали ќе отвори истрага за проблемот кој настана со промената на личните документи, тој одговори дека денеска не би сакал да навлегува во детали за предметите.

За секого ако има доволно докази, Јавното обвинителство ќе поведе постапка, додаде јавниот обвинител.

Собранието едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител.

Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, а за обвинителката Фатиме Фетаи, Судскиот совет не се расправаше поради нецелосно доставена документација.

Љупчо Коцевски Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Тој е поранешен адвокат, кој во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Од јануари 2022 година е избран за јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство, меѓу десеттемина обвинители во оваа институција. Тој бил дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, но и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.

Претходниот државен обвинител Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в. д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот