ФОТО | Носталгичен ретро-спомен од Маја Оџаклиевска, ваква ретко кој ја памети
Уште една уникатна приказна за Маја Оџаклиевска се појави на социјалните мрежи.
Препорачано
Фејсбук-страницата „ВБУ Воскресение“ објави фотографија од насловната страница на култниот магазин „Екран“, на која во преден план е една од најмоќните пејачки на овие простори – Маја Оџаклиевска.
Дека вистинската убавина и харизма се безвременски, уште еднаш потврдува оваа ретка ретро-фотографија. Со препознатливата долга темна коса и минималистички стил, таа потсетува зошто важеше, а и денес важи, за една од најубавите жени во поранешна Југославија.
Списанието „Екран“ со децении беше главен извор на информации за забавниот живот, а да се биде на неговата насловна страница значеше потврда за статус на вистинска ѕвезда. Публиката никогаш не престана да ги пее хитовите како „Многу солзи“, „Лидуду“ и незаборавните песни од настапите на „Макфест“ и „Скопски фестивал“.
Оџаклиевска (71) својот живот му го посвети на внукот Лука, на кого на петгодишна возраст му бил дијагностициран аутизам. Тој сега има 16 години, а легендарната пејачка, за негово добро, но и за да пронајде мир, се пресели надвор од Белград и живее во рурален дел од Србија.
Маја од центарот на Белград се преселила во Велика Плана, поточно во Старо Село. Оџаклиевска живеела со Лука сè додека не одлучиле да го сместат во еден центар.
„Тој наполни 16 години. Веќе е големо момче. Сместен е во дом во близина на Петровац на Млава, во Стамница, каде што се грижи одличен, но, за жал, мал тим. Не разбирам зошто не им се помага да вработат повеќе работници. Веројатно немаат доволно приходи да ги платат овие луѓе, но тоа би значело многу. Таму има многу деца. Мислам дека вкупно околу 300 луѓе се со попреченост во развојот на еден или на друг начин. Одговорноста не смее да падне врз мал број вработени“, рече Маја во интервју за „Блиц“.
ФОТО | Посебна заедничка приказна ги поврзува Маја Оџаклиевска и Драган Мијалковски


