ФОТО | Нина Бадриќ во ретро костим за капење: Пејачката воодушевува со својот природен изглед

Фото: Instagram

Убавата хрватска пејачка ужива во летниот одмор во Хвар, а притоа често ги изненадува своите фанови со прекрасни фотографии.

Во овие ектремно топли денови кои го зафатија целиот Балкан, костимот за капење е омиленото парче облека, а Нина со многу вкус позираше во два прекрасни костими за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Едноделни и ретро, во црна и црвена боја, прекрасно и прилегаа на фигурата на пејачката која не користи никакви апликации за да го обликува телото како што тоа го прават бројни балкански и светски ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Покрај големите хитови и совршениот глас, природната убавина на пејачката дополнително ги освојува нејзините бројни фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Нина Бадриќ важи за една од најдобро облечените жени на Балканот, а притоа согласно приликата избира и гламурозни модни парчиња кои се во тренд. Пејачката често носи и деним – урбани брендови достапни за пошироката маса, но согласно поводите и елегантни парчиња облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот