Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

ФОТО | Не можеше да сокрие: Со кого е во врска струмичанката Славица Ангелова, победничката на „Ѕвездите на Гранд“?

Славица Ангелова од Струмица привлече големо внимание во јавноста по триумфот во српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен информациите дека студира медицина, малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица во текот на натпреварот, па и по победата не сакала да открива детали од приватниот живот.

Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата признал дека во текот на натпреварувањето Славица имала емотивни проблеми, но ѝ забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот.

Како што претходно пишуваше „Гранд“, Славица во текот на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, а љубовта се разгорела токму на менторските проби.

Велсан Зуловиќ/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта пламна речиси на прв поглед на пробите, иако тие се трудат да ја скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сѐ уште не сакаат да признаат – изјавил неодамна изворот и продолжил:

– Многу се слатки, млади се, но мислам дека се плашат да ја откријат врската бидејќи натпреварот сѐ уште трае.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тогаш се огласил и нивниот ментор Ѓорѓе Давид, кој бил многу краток.

– Како дознавте? Апсолутно нема да коментирам ничиј љубовен живот. На сите им ја посакувам сета среќа и љубов на светот – кратко рекол Ѓорѓе, а откако му рекле дека има докази од менторските проби, се насмевнал и рекол:

– Полека, луѓе! Има време за сѐ, натпреварувањето нека биде приоритет.

Победничката има 21 година, додека нејзиниот избраник 24. Завршил фризерско училиште, а во слободно време сака да оди на риболов.

Вели дека е упорен, а недостаток му е тоа што е нетрпелив, додека како свој музички модел го навел Саша Матиќ, пренесува „Гранд“.

ВИДЕО | Славица Ангелова е победник на „Ѕвездите на Гранд“: Македонката со моќниот вокал го воодушеви регионот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот