ФОТО: НАТО издвојува 1,4 милиони евра за борбата со пандемијата во Македонија

Opening remarks by NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска,  преку видео – конференциска врска денеска учествуваше на првиот работен ден на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана.

Шекеринска на состанокот се заблагодари за помошта од НАТО во вредност од 1,4 милиони евра за 60 респиратори и дополнителна медицинска опрема, потег кој потврдува дека солидарноста и подготвеноста  да се помогне на секој сојузник е најголемата вредност во Алијансата.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска/ Фото: Министерство за одбрана

Предизвиците бараат сериозен одговор и затоа се важни инвестициите  во одбраната и  споделувањето на финансискиот товар за колективната безбедност – беше речено на состанокот, на кој беше поздравен напредокот на најголемиот број земји членки на НАТО  до достигнување на проектираното одвојување на 2 проценти од БДП за одбраната. Северна Македонија останува посветена на определбата за континуирано зголемување на одбранбениот буџет и достигнување на 2% од БДП во 2024, како и одвојување на 20% од буџетот за опремување и модернизација во 2021 година.

Фото: Министерство за одбрана

Една од главните теми на состанокот беше и зголемувањето на отпорноста на општествата, при што министрите за одбрана на НАТО земјите членки усвоија препораки за градење на капацитети и за унапредување на цивилно-воената соработка. Современите предизвици ги надминуваат рамките на одбраната и армијата и бараат координиран пристап и заеднички одговор на целото општество, заклучија министрите на денешната сесија на Северноатлантскиот совет.

Министрите за одбрана донесоа одлука за изградба на вселенски центар во југозападна Германија, односно во базата Рамштајн, при што беше потенцирано дека целта на НАТО не е да се милитаризира вселената, туку да се подигне свесноста на НАТО за предизвиците и подготвеноста за справување со нив.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска/ Фото: Министерство за одбрана

 Состанокот на ниво министри за одбрана продолжува и утре, кога главни теми за дискусија ќе бидат мировните мисии и операции, со фокус на Авганистан, Ирак и Косово, како и имплементацијата на планот на Алијансата за резолуцијата на ООН 1325, Жени, мир и безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот