ФОТО | Најпознатиот српски тиктокер брутално претепан: Би сакал снимките да не се објавуваат
Познатиот тиктокер Андрија Миливојевиќ Вајваи (Wajwai) наводно бил брутално претепан пред неколку ноќи во Смедерево.
Препорачано
View this post on Instagram
Со младиот Андрија таа вечер, во близина на музејот, биле неговите пријатели и колеги, тиктокерот Михаел Ибрановиќ Михалере од Хрватска, јутјуберот Милош Шариќ Шарке и синот на Мики Пањковиќ, јутјуберот и фризер Воислав Пањковиќ, дознава српски „Курир“.
Нив, засега непознати мажи, вербално ги нападнале, а потоа и физички го нападнале најпопуларниот тиктокер во Србија.
Како што дознава српски „Курир“, само Вајваи бил претепан, но не се знае зошто. Познато е само дека таа вечер со него биле неговите пријатели Шарки, Михаелхере и Воислав Пањковиќ.
View this post on Instagram
Детали од бруталното претепување биле снимени и на мобилни телефони, па има снимки и фотографии од овој немил настан.
Отпрвин Вајваи негирал дека се случил инцидентот. Меѓутоа, кога спомнале дека постои видео, тој признал, но не сакал многу да зборува.
– Ништо не се случи. Немам повреди, ниту јас ниту моите пријатели. Не знам зошто нè нападнаа. Не би сакал да зборувам за тоа, би сакал снимките да не се објавуваат – изјави Андрија.
Во меѓувреме, Андрија на својата инстаграм-приказна објави дека дополнително ќе ги изнесе сите детали за инцидентот.

Вајваи се здоби со популарност со снимање видеа за Тикток, каде што има повеќе од 700.000 следбеници.


