ФОТО | Најдобриот македонски тенисер надвор од терените до септември

Фото: mtftennis.mk

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски подолг период го немаше на терените, а сега се огласи преку социјалните мрежи и најавувајќи подолга пауза.

Според објавата на Ивановски тој ќе паузира пет до шест месеци и повторно би заиграл некаде во септември.

„Бидејќи многумина се прашувате кога ќе почнам да се натпреварува…Ќе бидам надвор од терените во наредните 5-6 месеци. Ќе се вратам посилен“, објави Калин на неговиот Инстаграм профил.

Последниот настап Калин го имаше кон крајот на ноември на турнир во Јапонија, претходно оствари неколку добри резултати и дојде до најдобриот ранкиг во кариерата.

Фото: Screenshot/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот