Фото: Инстаграм/Дејвид Бекам/Profimedia

ФОТО | „Можеше да биде полошо“: Дејвид Бекам ја покажа штетата на својот имот од бурата Хенк

Дејвид Бекам (48) призна дека бил „скршен“ додека ги сведочел штетите на неговата семејна куќа во Котсволдс, предизвикани од бурата Хенк.

Поранешниот фудбалер објави фотографија од големо дрво, кое ветерот го откорнал од земја, на неговиот имот.

„Можеше да биде полошо. Сепак сум скршен“, напиша тој, додавајќи емотикон кој илустира плач.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Дејвид и сопругата Викторија (49), кои имаат четири деца – Бруклин (24), Ромео (21), Круз (18) и Харпер (11), ја купија оваа селска куќа за 6,15 милиони фунти во декември 2016 година. На имотот имаат сауна, базен, фудбалско игралиште, теретана и шатор за скара од 50.000 фунти.

Подоцна во текот на денот, фудбалската ѕвезда ги покажа своите нови кокошки и петли, кои Викторија му ги подари за Божиќ.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Бурата Хенк пристигнува во Англија, издадени над 300 предупредувања за поплави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот