ФОТО: Меси или Роналдо – кој повеќе зависи од пеналите?

Фото: twitter.com/TeamCRonaldo

Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги држат најголемите рекорди во светот на фудбалот и постојано се водат дебати за тоа кој е подобар играч.

Роналдо во кариерата има постигнато 745 голови за клубовите и репрезентацијата, додека Меси во моментов е на 711 гола за Барселона и Аргентина.

Навистина извонредни голгетери, но интересно е да се запрашаме кој од нив постигнува повеќе голови од белата точка?

РОНАЛДО ОД ПЕНАЛ ПОСТИГНА 32 ГОЛОВИ ПОВЕЌЕ ОД МЕСИ

Според „Трансфермаркт“, Меси од вкупниот број на голови 97 реализирал од белата точка, додека Роналдо од пенал постигна 129 голови.

Оваа сезона Меси постигна шест од неговите седум гола за Барселона и Аргентина од белата точка, додека Роналдо од пенал постигна само два од осумте погодоци за Јувентус и Португалија.

На Твитер профилот „Cav11“ се објави податок кој го покажува просекот на головите на Роналдо и Меси од белата точка, а пресметан е периодот од 2010 година до 4 ноември 2020 година.

Меси на тој начин постигна повеќе од 20 проценти од своите голови само од пенал во 2020 година, додека Роналдо постигна повеќе од 20 проценти од головите од пенал за четири календарски години.

фото: твитер

Аргентинецот постигнуваше најмалку голови од пенал во 2010 година (два проценти) и 2018 година (четири проценти), а Португалецот реализираше најмалку во 2013 година (13 проценти) и 2016 година (13 проценти).

Само двапати се случи просекот на постигнати голови на Меси од пенал да биде поголем од тој на Роналдо во 2013 година (20 проценти наспроти 13 проценти) и 2017 година (19 проценти наспроти 15 проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот