ФОТО | Меланија конечно видена во јавноста: Сите зборуваат за нејзината фризура, а еве што Доналд рекол за неа!

epa-efe
epa08084355 US President Donald J. Trump (C-R) kisses US First Lady Melania Trump (C-L) during the signing ceremony of the National Defense Authorization Act for Fiscal Year 2020 inside Hangar Six at Joint Base Andrews in Suitland, Maryland, USA, 20 December 2019. The 738 billion US dollar military funding bill includes the creation of the Space Force. EPA-EFE/Al Drago / POOL

Откако Доналд Трамп на местото претседател на САД, беше заменет со Џо Бајден, главните прашања беа – дали Меланија сега ќе се разведе од Доналд и каде ќе живее поранешната прва дама.

Melanija Tramp

Меланија оттогаш воопшто не се огласуваше во јавноста, а конечно беше видена деновиве, и тоа во друштво на конгресменката Клаудија Тенеј, која објави фотографија од состанокот на Твитер.

„Ми беше чест да разговараме со нашата елегантна прва дама, Меланија Трамп. Разговаравме малку на хрватско/босански за различноста и убавината на поранешна Југославија и се присетивме на нашите искуства од таа земја“, напишала Клаудија, која во текот на 80-тите години од минатиот век била единствената Американка вработена во тогашниот југословенски Генерален конзулат во Њујорк. Исто така, во повеќе наврати ја посетила поранешна Југославија, каде што се запознала со културата и го научила српско-хрватскиот јазик.

Големо внимание на Твитер предизвика фактот што косата на Меланија Трамп е посветла од кога било и сега е на чекор од вистинска русокоса, а повеќето коментираат дека нејзината нова боја одлично ѝ стои.

А, што се однесува до претпоставките за разводот, Доналд Трамп пред два дена, на 25 јуни, за „Њузмакс“ проговори за Меланија, при што ја опсипа со пофалби.

– Меланија е многу самоуверена личност. Беше исклучително успешна како модел, исклучително успешна. Таа е исто така и многу скромна, затоа луѓето ја сакаат. Знаете, утревечер ќе одржам говор во Охајо и веќе сега можам да предвидам дека на многу транспаренти ќе стои натписот „Ја сакаме нашата прва дама“. Има и многу транспаренти со чевли со високи потпетици, што е асоцијација со Меланија – изјавил Доналд Трамп.

Melanija Tramp
Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот