ФОТО | Малиот црн фустан на Карла Бруни: Едноставноста и елеганцијата немаат цена
Една од најинтригантните дами на денешницата, поранешниот супермодел и сопруга на Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција, повторно воодушевува.
View this post on Instagram
Како и секогаш, Карла Бруни уште еднаш покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат цена. Карла на престижниот настан „Diner Da La Mode“ во Париз дојде во црн елегантен фустан со принт на луксузната модна куќа „Saint Laurent“.
View this post on Instagram
Таа ја „скрши“ едноставноста со впечатливиот златен накит – алки и прстени и изгледаше совршено.
Да потсетиме, Бруни го запозна Саркози во 2007 година, а се венчаа само неколку месеци подоцна, кога беше финализиран неговиот развод со втората сопруга.
View this post on Instagram
“Тоа беше љубов на прв поглед. Морам да кажам дека вечерата ја напуштивме заедно. Останатите гости беа изненадени, а се венчавме по три месеци”, изјавила во една прилика Карла.