ФОТО | Македонски познати парови кои денес слават Младенци

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Младенци го означува почетокот на пролетта. Овој ден е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Во минатото во Македонија со празникот Свети четириесет маченици биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамноденица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.


Според некои, младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден одат во црква каде ги палат свеќите од венчавката за да догорат.

Вечерта на Младенци во домот на младите се повикуваат гости за да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи се оди на гости и во семејствата кои добиле новороденче.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Жените го пречекуваат утрото и месат колачиња за долг, среќен и сладок живот, а со нив ги служат гостите. Празникот секогаш се паѓа во време на пост, така што и храната која се подготвува за тој ден мора да биде посна. Освен колачите, на Младенци се јаде мед, варена коприва и зелје за да се исчисти крвта.

Дел од нашите познати парови кои денес слават Младенци споделија моменти од свадбените прослави со емотивни пораки по повод денешниот празник.

Зорица Блажева која во јавноста е позната под своето уметничко име Зои Блаж во јули, минатата година заедно со својот сакан организираа свадбена прослава и ја озаконија својата долгогодишна љубов.

Зои пред три години ја прифати понудата за брак од нејзиниот веќе официјален сопруг Тадеј Матијашиќ, кој љубителите на спортот го знаат и како поранешен ракоментар на ракометниот клуб „Металург“.

„Младенци. Секогаш да сме вака полни со насмевки и љубов“.  Те сакам Тадеј – напиша  Зои објавувајќи фотографија од свадбената прослава.

Елена Стефановска, сега веќе Елена Најдоски на почетокот на месец јули, минатата година ја имаше својата свадбена прослава од соништата. Иако поради временските неприлики локацијата на свадбената прослава била променета во последен момент сепак тоа не ја спречило водителката максимално да ужива во својот најсреќен ден.


Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „да“.

„Среќни Младенци љубов моја. Те држам цврсто, за цел живот“ – напиша  Елена објавувајќи фотографија од свадбената прослава.

Парот во кругот на најблиските пријатели го прослави денешниот празник. Елена по повод денешниот празник беше совршено стилизирана во бел фустан со необичен дизајн.

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска, пред четири недели ја крунисаа својата љубов. Свадбената прослава започна во домот на семејството Камилоски, со традиционални македонски песни, а потоа продолжи во домот на невестата каде традиционално родителите на младоженецот ја даруваа невестата со злато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)


Павле и Ирина ја крунисаа нивната љубов во Соборениот храм „Св. Климент Охридски“ каде пред Бог се заколнаа на вечна љубов, а потоа свадбената прослава продолжи во еден познат скопски ресторан.

„Младенци! Цел живот вака да се гледаме љубов моја!“ – напиша Ирина во описот на објавата објавувајќи фотографија од свадбената прослава.

ФОТО | Кои македонски познати личности „рипнаа во тавче“ во 2022 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот