ФОТО: Македонија во ноември ќе ја пречека Англија со нова најсовремена тревна површина

Се отпочнува со активности на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи.

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со Фудбалската федерација на Македонија отпочнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година.

Проектот е донација од ФФМ преку Европската фудбалска унија (УЕФА) и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции.

Потсетување дека натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 помеѓу Македонија и Англија ќе се игра на 20 ноември 2023 год.

Дополнително, пред поставување на тревната површина Акционерското друштво активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште.

– Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во РСМ – соопштуваат од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Ова лето имаше доста критики за лошата тревна површина на нашиот најголем стадион. Имаше реакции од еден од најпознатите фудбалски клубови во Бугарија, Левски Софија по нивниот меч со Шкупи во квалификациите од Конференциската лига, како и од актуелниот европски шампион Италија која минатиот месец играше 1:1 против македонската А репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот