ФОТО | Лимон стар 285 години продаден на аукција: Достигна изненадувачка цена, а на него има и необична порака

Фото: Profimedia

За време на јавните продажби со наддавање се продава сѐ и сешто – од скапоцени парчиња накит, до уникатни предмети кои имаат голема вредност само поради тоа што своевремено биле во сопственост на познати личности.

Сепак, продажба на исушен лимон, стар 285 години, е навистина несекојдневна случка, пишува „Сан“.

Имено, ова суво цитрусно овошје било пронајдено во стара комода при чистење на куќа од стари предмети. Продавачите го средувале имотот на нивниот вујко и мислеле дека комодата од 19. век може да биде вредна, па ја однеле на аукционер.

Фото: BrettellsAuctioneers / BNPS / Profimedia

Специјалистот го пронашол лимонот во задниот дел од фиоката додека ја фотографирал комодата за продажба.

Пораката издлабена на кората од лимонот гласи: „Дадено од г. П Лу Франчини, на 4 ноември 1739 година, на г-ца Е Бакстер“.

Се верува дека овошјето било донесено во Англија од колонијална Индија, како романтичен подарок.

Фото: BrettellsAuctioneers / BNPS / Profimedia

Аукционерот Дејвид Бретел изјави: „Мислевме дека ќе се забавуваме и ќе го ставиме лимонот на аукција, со проценка дека ќе го продадеме за цена од 40 до 60 фунти“.

Но, лимонот бил продаден за 1.100 фунти во Њупорт, Обединето Кралство, а сосе такси – 1.416 фунти.

Интересно е дека комодата била продадена за само 32 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот