ФОТО: Климатски активисти го поткастрија божиќното дрвце пред Бранденбуршката порта

На транспарентот пишува Ова е само врвот на дрвцето - Фотографија Profimedia

Активисти на групата Последна генерација го пресекоа врвот на божиќното дрвце поставено пред Бранденбуршката порта во центарот на Берлин за да укажат на потребата од порешителни активности против климатските промени.

Активистите со хидрауличен кран се кренале на височина од 15 метри и пресекле парче од 2 метри од врвот на накитената елка. На неговото место тие поставиле транспарент со пораката: „Ова е само врвот на божиќното дрво“. Групата соопшти дека цел на акцијата била да се испрати порака до граѓаните дека „сега го гледаат само врвот од климатската катастрофа што се случува низ светот“, а до владата на канцеларот Олаф Шолц да направи повеќе во борбата против глобалното затоплување.

Полицијата го потврди инцидентот, без да објави дали ќе ги гони „поткаструвачите“, а градските власти не објавија дали ќе го заменат дрвцето.

Групата Последна генерација го привлече вниманието и предизвика гнев во јавноста со низа блокади на патишта, а особено со вандализирање важни уметнички дела во галерии, врз кои активисти фрлаа храна. Реагирајќи на таквите протести, канцеларот Шолц ги повика да престанат со вандализирања и „да бидат покреативни“.

Како изгледаше дрвцето пред и по инцидентот:

Елката беше накитена на почетокот на декември – Фотографија ЕПА
Активистите на Последна генерација во акција – Фотографија Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот