ФОТО: Кејт Мидлтон се вакцинираше против ковид-19

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (39), ја прими првата доза на вакцината против ковид-19 и изрази почит кон сите вклучени во програмата за вакцинација.

Кејт трпеливо им позирала на присутните фотографи, а особено внимание привлекла нејзината комбинација на облека.

Војвоткатата од Кембриџ е позната по едноставните и впечатливи модни комбинации, па ниту овој пат не разочарала.

Иако е претежно беспрекорно средена, Кејт дошла на вакцинација во лежерно издание, како и секој граѓанин, во едноставна бела маица и фармерки во кои досега не сме имале можност да ја видиме.

Вчера ја примив првата доза на вакцината против ковид-19 во лондонскиот Научен музеј. Многу сум благодарна на сите што учествуваат во оваа борба. Ви благодарам за сè што правите“, напиша Кејт во описот на фотографијата што ја објави на официјалните профили на Твитер и Инстаграм.

Принцот Вилијам, кој го прележа коронавирусот лани, исто така ја доби својата прва доза на вакцината, пред десетина дена.

Сѐ уште не е познато за која вакцина се одлучиле.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот