ФОТО | Ја шокирала јавноста, а папата фрлил анатема на неа: Вака изгледала првата Мис на светот!

twitter

На 19-ти април 1951 година во Лондон е одржан првиот избор за Мис на светот, а победата ѝ припаднала на тогашната мис Шведска, 22-годишната убавица Кики Хакансон.

Мис на светот е најстариот меѓународен избор на убавина. Тој е основан од страна на ТВ водителот Ерик Морли во 1951 година во Обединетото Кралство, а од неговата смрт во 2000 година, неговата сопруга Џулија Морли, ја извршува должноста копретседател на натпреварот.

Станува збор за најпрестижната титула за убавина за која сонува секоја девојка која се занимава со моделинг. Сепак, во далечната 1951 година, натпреварот бил замислен како еднократен настан – Фестивал на бикини, поврзан со Фестивалот Британија кој се одржувал во исто време. Целта на натпреварот била промоција на костими за капење, со кои, очекувано, се привлекло вниманието на јавноста.

Се натпреварувале 27 девојки. Дури 21 девојка била од Британија (правилото секоја држава да испраќа само една претставничка е подоцна воведено), но на крајот сепак победила Кики Хакансон од Шведска.

Кики, која ја нарекувале „најубавата девојка во Шведска“ имала 22 години. Таа изгледала прекрасно, а освен што станала првата Мис на светот некогаш, била прва и во уште нешто – сè до денес таа е единствената мисица која ја примила титулата во бикини.

YOUTUBE
Принтскрин / Youtube

Поради овој потег (кој од неа го побарале организаторите на изборот) наместо слава, Кики доживеала прилично непријатни искуства – папата фрлил анатема на неа, а некои држави со ригорозни религиски норми ѝ го забраниле влезот.

Бикините му донеле толку негативен публицитет на натпреварот што веќе од следната година биле забранети. Наместо тоа, девојките шетале во позатворени костими за капење. Дури децении подоцна бикинито било повторно дозволено, но Кики останала единствената мисица некогаш која титулата ја примила носејќи ги нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот