ФОТО | Игор Џамбазов во спомен на неговата мајка и дедо му Прличко: Беше престиж да си на насловна на „Екран“

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии од неговиот приватен живот. Се сеќава на минатото, поздравува пријатели, поддржува и бодри свои соработници.

Овој пат на профилот на Игор се најде една од бројните насловни страници на естрадната ревија „Екран“, со неговата мајка, актерката Анче Џамбазова и неговиот дедо, актерот Петре Прличко.

„Екран“ најпрвин почна да излегува како подлисток, или поточно, неделен додаток на дневниот весник „Нова Македонија“, за подоцна да прерасне во самостојно издание.

Тоа беше престиж, да си на насловна на „Екран“. Јас сум бил скоро дваесет пати и секогаш по малце сум се подмочнувал во гаќи од среќа…, стои во описот на објавата на Игор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот