ФОТО | Го поддржа пејачот и донираше средства: Јелена Ѓоковиќ испрати емотивна порака до Никола Роквиќ и неговото семејство

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ на 22 мај пристигна на Егина, Грција и ја исполни својата хуманитарна цел. Бројни познати личности му дадоа поддршка на пејачот во текот на пешачењето до манастирот Свети Нектариј Егински кое траеше 31 ден.

Една од оние кои јавно го поддржаа, но и донираа пари на неговата фондација „Породица“ беше Јелена Ѓоковиќ, сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Имено, таа преку социјалните мрежи испрати емотивна порака до хуманиот пејач и неговото семејство кои го пречекаа на Егина.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Браво, Никола и Бојана и милите дечиња, што го издржавте овој подвиг во љубов и благодат за спас на сите семејства и исцелување на општеството. Господ да ве благослови. Овој пат за детска радост“, напиша Јелена покрај фотографијата со илустрација на Никола.

Да потсетиме, Јелена ја поддржа мисијата на Никола и донираше пари во неговата фондација, за што пејачот јавно ѝ се заблагодари.

„Боже на помош драги луѓе, еве 25 ден, јас сум на 22 километар, го продолжуваме ова патување за детска радост и собираме пари за детска онкологија во Ниш. Би сакал јавно да се заблагодарам на драгата Јелена Ѓоковиќ, која ја поддржа нашата мисија и даде донација од се срце. Јело, поздрави го Ноле, да сте живи, Господ да ве благослови“, рекол Никола.

ФОТО+ВИДЕО | Никола Роквиќ пешачи низ Струмица кон Грција: Струмичани му подарија ајвар и икона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот