ФОТО: Фудбалерите на Рома и Порто се истепаа, реакцијата на Мурињо е хит

Португалецот Жозе Мурињо има сериозни амбиции со римската „волчица“/Фото:EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Жозе Мурињо ова лето седна на клупата на Рома, и како еден од ривалите за време на подготовките за наредната сезона го имаше поранешниот клуб, Порто.

Натпреварот заврши без победник 1:1, но дојде до тепачка кога дефанзивецот на Порто, Пепе остро стартуваше над Хенрик Мхтаријан, по што дојде до физичка пресметка на играчите од двете екипи.
За тоа време Мурињо мирно седеше на клупата и се смешкаше. По извесно време Португалецот стана и помогна да се смират страстите за да продолжи натпреварот. Сепак, хит на социјалните мрежи е токму неговата реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот