ФОТО | Евроамбасадорот Гир му го предаде извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски

Стево Пендаровски и Дејвид Гир
На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изрази задоволство што Европската Комисија повторно го констатираше напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмираше подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија.

На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот