ФОТО: Еве како Пандев реагираше на изјавата на Милевски

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Горан Пандев/фото: ФФМ

Македонската А репрезентација со пораз од Бугарија во Скопје го заврши настапот во групата „4“ од Ц сегментот во Лигата на нации.

Нашите најдобри фудбалери не само што не успеаја да го освојат првото место кое води во повисок ранг (Лига „Б“) и носи влез во плеј-офот за ЕП 2024, туку и најверојатно наместо во посакуваниот четврти, ќе се најдат во послабиот петти шешир во жрепката на 9 октомври за квалификациите за пласман на следниот континентален собир.

Големо е разочарувањето и кај поранешниот репрезентативец Горан Пандев кој пред четири дена ја заврши кариерата како професионален фудбалер.

Човекот кој е далеку најдобар стрелец на македонската репрезентација реагираше на изјавата на Милевски дадена по мечот со Бугарија.

Без разлика на сите проблеми, сметам дека сме на прав пат – беа зборовите на Милевски. Пандев едноставно нема коментар на ваквата изјава..

фото: Принтскрин/instagram.com/goranpandev19

Антов: Исвиркувањето на нашата химна нè мотивираше

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот