Антов: Исвиркувањето на нашата химна нè мотивираше

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската А репрезентација загуби минимално во Скопје од Бугарија со 0:1 во рамките од Ц сегментот во Лигата на нации.

Пред почетокот на натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ од почеток до крај беше исвиркувана химната на Бугарија.

По натпреварот бугарскиот репрезентативец Валентин Антов вели дека таквото исвиркување ја мотивирало неговата репрезентација во текот на мечот.

– Расположението е одлично. Цела Бугарија може да биде среќна што победивме на овој натпревар. Заслужуваме малку да се насмееме и да бидеме среќни. Ја сменивме шемата, имаме добар тим и добро разбирање помеѓу нас. Денеска покажавме доволно за да ја зачуваме мрежата. Потребни ни се добри натпревари и победи. Секако ќе уживаме во оваа победа и ќе гледаме да се развиваме. Покажавме голема желба и се изолиравме од ситуацијата надвор. Тие ја исвиркаа нашата химна што нè мотивираше – рече Антов по завршувањето на натпреварот.

Бугарија со овие три бода го освои второто место на конечната табела во групата „4“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот