ВИДЕО | Пандев: Носам големо богатство на емоции, завршува едно прекрасно поглавје

пандев
Горан Пандев го постигна првиот историски гол за Македонија на Европските првенства/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Најпрвин беше објавено дека Горан Пандев преку интервјуто на „Гаѕета“ објави крај на кариерата како професионален фудбалер.

Македонската фудбалска легенда тоа официјално го направи и преку социјалните мрежи упатувајќи благодарност до сите за беспрекорната поддршка сите овие години.

Моментно најдобар стрелец на македонската А репрезентација со 38 голови, најголемиот дел од клупската кариера ја помина во Италија каде со Интер ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2010 година.

Во иднина не се гледа како тренер, туку повеќе како директор или спортски агент. Во продолжение неговата објава на „Инстаграм“ до фановите:

– Погледнувам назад и сè уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме подржуваа во ова патување. Им благодарам на моето семејство сопругата Надица, децата Филипо Ана и Софија кои ми беа најголемата поддршка. Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозмозија да го остварам мојот сон. Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас ќе неможев да го направам сето ова. Им благодарам на сите тренери, претседатели директори за нивната доверба и за сè што научив од нив. Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен сакам сите да ве гушнам. Завршува едно прекрасно поглавје…Во мене носам едно големо богатство на емоции и среќен сум што го споделив со вас. Со цело мое срце…Горан – стои во објавата на „Гранде“ Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот