ФОТО | Драма во Њукасл: На навивач му се слоши, фудбалерите го прекинаа натпреварот

Фудбалерите приметија дека на еден навивач му се слоши и веднаш го известија судијата/принтскрин/твитер

Натпреварот од осмото коло во Премиер лигата помеѓу Њукасл и Тотенхем неколку минути беше во прекин во првиот дел поради итна медицинска интервенција на трибините бидејќи му се слоши на еден навивач.

Фудбалерите приметија дека на еден навивач на трибините му се слоши, дефанзивецот на Тотенхем, Серхио Регилон дотрча до судијата и му рече дека нешто се случува на трибините. Тој покажа дека се потребни носилки и дефибрилатор по што лекарите веднаш се стрчаа кон трибините.

Натпреварот беше во прекин неколку минути додека му се укажуваше помош на навивачот/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Камерите од разбирливи причини не прикажуваа што се случува на трибините, но по неколку минути судијата Маринер дозволи да продолжи играта, а Тотенхем по првото полувреме води со 1:3.

Видео на денот