ФОТО | Драма пред куќата на ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ: Избил пожар, Јована сѐ снимила

Фото: Инстаграм

Јована Лола Балашевиќ (41), ќерката на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, живее во стан во Нови Сад со семејството, а нејзината објава на социјалните мрежи ги вознемири сите.

Јована снимила кога еден од автомобилите на паркингот наводно се запалил пред зградата во која живее и тоа го објавила на својот инстаграм-профил. Таа објасни што се случило, како и дека сите се добро, а дека противпожарната служба реагирала навреме и спречила полоши последици, пишува српски „Ало“.

Јована Балашевиќ/ Принтскрин/Инстаграм

„За среќа, нашиот „слепа“ улица беше проодна, па пожарникарите можеа да влезат. Што инаку не е вообичаено. Возачите ги оставаат своите автомобили на патот, со телефонскиот број на шофершајбната ако треба да го поместат автомобилот“, напишала таа покрај видеото од автомобилот во чад.

Ќерката на Балашевиќ сѐ снимала од својата тераса, а како што напишала, нејзината улица често е блокирана од автомобили.

Инаку, Јована е постарата ќерка на починатиот новосадски кантавтор и поет Ѓорѓе Балашевиќ.

 

Јована е во брак со црногорскиот политичар Александар Јовановиќ, со кого има две ќерки Симона (8) и Петра (5).
Фото: Инстаграм

 

ВИДЕО | Ќерката на Балашевиќ со трогателна објава: Те сакам тато, ти ми го даде најубавиот можен живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот