ВИДЕО | Ќерката на Балашевиќ со трогателна објава: Те сакам тато, ти ми го даде најубавиот можен живот

Instagram

Целиот регион жали за новосадскиот кантавтор и поет Ѓорѓе Балашевиќ, се палат свеќи на улиците и се пее во негова чест, а многумина се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Една од најтрогателните е секако објавата на неговата ќерка Јована Балашевиќ попозната како Лола Балашевиќ. Таа се огласина својот инстаграм-профил по повод смртта на нејзиниот татко.

„Мислев вечерва ќе можам да се искрадам. Колку прекрасен ден! Секое лице што го гледам е едно сеќавање. Можеби сеќавањето не е соврешно. Понекогаш имам подеми и падови. Но сите сме заедно, а вечерва сте мои. Ќе го прекршам обичајот и ќе кажам што си посакав додека ја гасев свеќата: Да ви биде животот среќан како што беше мојот. Да се разбудите едно утро и да кажете: Не сакам ништо повеќе…“, Јована ја сподели неговата последна роденденска желба.

„67 години. Зарем не поминаа во еден момент? Те сакам тато, ти ми го даде најубавиот можен живот, се гледаме во дворот“, додаде ќерката на Балашевиќ во описот на семејното видео кое го сподели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Balasevic (@lolabalasevic)

На видеото Ѓорѓе и Оливера уживаат со своите внуци на прославата на неговиот роденден, во нивниот семеен двор во Нови Сад.

Балашевиќ им ги посвети некои од најубавите песни на своите деца. Јована, која Балашевиќи ја викаат Лола, го инспирирала својот татко за песната „Олелоле“, но и за некои стихови во песната „Михољско лето“ која ја напишал набљудувајќи ја својата миленичка, денес успешна актерка, од терасата на едно кафуле во Нови Сад на нејзинио прв состанок. Инаку, Јована Балашевиќ денес е омажена за црногорскиот политичар Александар Јовановиќ, со кого има две ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот