ФОТО: Доктор откри трик кој спречува стаклата на очилата да ви се замаглуваат додека носите маска

Решението е прилично едноставно, сѐ што ви е потребно е само еден обичен фластер… Сите кои носат диоптриски очила, додека носат маска на лицето, се соочуваат со проблемот „замаглување на стаклата“.

Како да ги спречите „замаглените стакла“, стана голема тема со бројни расправии, а еден доктор пронајде ефикасен начин кој тврди дека нему му помага секојдневно.

Д-р Даниел М. Хифермен, кој носи очила и заштитна маска додека оперира, сподели трик кој го превенира замаглувањето на стаклата од очилата.

Решението е прилично едноставно. Сѐ што ви е потребно е обичен фластер. Докторот со фластерот го лепи врвот на маската преку носот, со што воедно се превенира и паѓањето на маската од лицето.

„Доколку ви е тешко да носите очила бидејќи се замаглуваат или пак маската ви паѓа од носот, обичниот фластер прави чуда. Слободно споделете, идејата би можела да спаси многумина“, напиша Хифермен.

Идејата ја пофалија многумина, дури и манекенката Криси Тајген.

„Еве зошто си ти доктор, а јас не сум“, му порача Тајген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот