ФОТО | Даниела Мартиновиќ првпат објави заедничка фотографија со новиот дечко

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Danijela Martinović

Сплитската пејачка Даниела Мартиновиќ заедно со нејзиниот дечко, криминалниот инспектор Јосип Плавиќ го прослави излегувањето на својата нова книга „Туширање на душата“.

„Ако еден збор, мисла или реченица од оваа книга допре до вашето срце, ви донесе утеха, радост, знаење, инспирација, мир… Ќе бидам најсреќна – тоа е мојата најголема награда“, напиша неодамна на Инстаграм Даниела Мартиновиќ најавувајќи го објавувањето на својата нова книга „Туширање на душата“.

Сплитската пејачка на Инстаграм се пофали со фотографија на која позира со новиот партнер, кој нежно ја прегрнува околу половината.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Danijela Martinović

Даниела го запознала Јосип, по прекинот на 25 годишната врска со пејачот Петар Грашо. Сѐ се случило поради кражба на идентитет преку интернет, а нејзината адвокатка тоа го пријавила во полиција пред околу една година.

„Откако се запознавме, поминувавме многу време разговарајќи и така полека почнавме да приметуваме дека делиме исти интереси, вредности, погледи кон животот и светот околу себе, па понекогаш и исти соништа“, изјавила Даниела за „Глорија“.

Петар Грашо е минато: Даниела Мартиновиќ има ново момче

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот