ФОТО | Британскиот актер Даниел Крег одликуван со орден од принцезата Ана

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатиот британски актер, Даниел Крег доби кралски орден за заслуги за неговиот придонес во филмот и театарот.

„Принцезата Ана на Даниел Крег му подари Орден Свети Мајкл и Свети Џорџ – истиот орден што го носи неговиот лик Џејмс Бонд – како признание за неговиот исклучителен придонес во филмот и театарот“, објавија официјалните профили на кралското семејство покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

„ We’ve been expecting you…” (Ве очекувавме), додаваат во соопштението, повикувајќи се на познатиот цитат од филмовите за Џејмс Бонд.

Даниел Крег, како шести глумец во серијалот филмови, го толкуваше тајниот агент во последните пет „Бонд“ филма – „Казино Ројал“ (2006 година), „Tрошка надеж“ (2008), „Операција Скајфол“ (2012), „Спектра“ (2015) и последниот „Не е време за умирање“ од 2021 година. Во улога на „007“, тој се појави и до кралицата во кусо видео на отворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.


Крејг глумеше и во „Нож в грб“ („Knives Out“, 2019) заедно со Крис Еванс, Ана де Армас и Џејми Ли Кертис, а ќе се врати и во продолжението чиешто прикажување е закажано за крајот на следниот месец ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот