18.8 C
Скопје

ФОТО | Барате дестинација за мирен викенд? Ја најдовме, и се вика, замислете, „Мир“!

На прилепски ширден во природа меѓу верверички! Не само што тука, во природа, ќе си го најдете мирот, туку ќе добиете и потполна приватност. Не заборавајте да пробате од прилепскиот ширден, незаборавно е месото од фурна и селското месо, а фантастични се и скарата и рибата. Затоа, дојдете со ептен празен стомак.

Ако сте во близина на Прилеп, скршнете на само неколку километри од центарот на градот. И веќе сте одвоени од градскиот метеж и обиколени сте со прекрасна природа. Се разбира, чистиот воздух го зголемува апетитот, па ете, тука подзастанете. Во ресторанот наречен „Мир“.

Објектот е граден повеќе години исклучиво од рацете на семејството, камен по камен, со идеја и желба да се зачува традиционалното, а се служат исклучиво традиционални специјалитети / Фото: Приватна архива

Нè пречекува Евгенија Илиоска, ќерката на сопственикот на ресторанот Самоил Илиоски. Таа нè воведува во историјата и гастрономскиот мајсторлак на ова посебно местенце. Мирно местенце. Името што го носи е потполно оправдано.

– Ресторанот е еден од ретките кој ја негува македонската традиција, којашто, за жал, низ годините сè помалку ја сретнуваме. Граден е повеќе години исклучиво од рацете на мојата фамилија, камен по камен, со идеја и желба да се зачува традиционалното. Изграден е со многу љубов и со огромно трпение. А, локацијата е одбрана со една и единствена цел – спокојство далеку од градскиот метеж и одмор за душата – ни вели Евгенија.

Уште на прв поглед впечатлив е етно-стилот на целиот објект. А штом впловите во атмосферата, разбирате дека тука се негува фолклорниот македонски изглед и традиција. Се служат традиционални специјалитети, подготвени од врвни мајстори на кулинарството. Зачуваните предмети од предците на Евгенија, како декорација, се уште едно богатство плус. 

Ја прашуваме Евгенија што да си каснеме.

– Традиционалните специјалитети се број еден во нашата кујна, приготвени со љубов и внимателно одбрани. Би го издвоила прилепскиот ширден како наш најголем специјалитет, но ве уверувам дека што и да одберете од менито, нема да зажалите – нè советува таа.

Секако, дегустираме прилепски ширден. Сочен е и превкусен. Се топи во уста. Уживаме во летната бавча (инаку, ресторанот располага со две големи летни бавчи) и си муабетиме – на мир. Не береме гајле дека некој ни го слуша муабетот, зашто самата широчина на просторот гарантира приватност. Сосема сме задлабочени во разговорот без ниту еден од нас да се фати за мобилниот телефон. Интернет нема. Еј, тоа е супер!  

Фото: Приватна архива

Освен вкусните специјалитети ја прашуваме Евгенија што ги враќа гостите секогаш повторно тука.

– Се враќаат тука бидејќи местото нуди не само рај за душата, туку и за очите. Гостите едноставно го обожуваат звукот на природата. Ќе здогледаат верверички како се качувааат по дрвјата и среќата е непроценлива. Децата пак, уживаат и си играат со нашите животни – ни одговара таа.

Секако, поведете си ги дечињата со вас. Има голема ливада на која можат слободно да си трчкаат, да си играат со топка, со играчки, да играат жмурки, брканица, да се лулаат на лулашки и ред други интересни детски занимливости.

Фото: Приватна архива

При крајот на денот, кога веќе сте во овој предел, може да реоткриете уште една дестинација. Прилепското Езеро.

– Се разбира дека би препорачала да го посетат нашето вештачко езеро. Моментно се градат патеки и новитети за релаксација на младите – ни препорачува Евгенија.

Галерија од ресторанот „Мир“ и нивните специјалитети:

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

 

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

 

Поврзани вести

ВИДЕО: Погледнете како се снимал култниот филм „Dirty Dancing“

Слободен Печат

Карли Клос: Го следев моето срце, се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации

Слободен Печат

„Меган ќе остане дома“: Принцот Хари ќе присуствува сам на откривањето на статуата на неговата покојна мајка

Слободен Печат

Трикови кои може да ви помогнат да заспиете полесно

Слободен Печат

ФОТО+ВИДЕО | „Договор за Европско првенство“: Девојка сподели какви правила ѝ поставило нејзиното момче додека трае „фудбалското лудило“

Слободен Печат

ФОТО: Ненси и Роналд Реган – љубовна приказна која траела 52 години, си биле доволни сами на себе, а со децата имале чуден однос

Слободен Печат

Остави Коментар