ФОТО: Алексис Мекалистер потпиша за Ливерпул

фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Аргентинскиот играч за врска и досегашен член на Брајтон, Алексис Мекалистер е првото засилување на Ливерпул за следната сезона.

Оваа вест на социјалните мрежи ја потврди тимот од „Енфилд“, а 24-годишниот фудбалер по успешно завршените лекарски прегледи потпиша договор до лето 2028 година.

Тој по одличната сезона пристигнува од Брајтон и го освои светскиот шампионат со Аргентина, а го позајми и дресот со број 10 кој пред него го носеше Садио Мане.

Ливерпул плати 45 милиони фунти за услугите на Мекалистер, кој ја започна својата кариера во Аргентинос јуниорс, а играше и за Бока јуниорс.

За Брајтон минатата сезона одигра 40 натпревари, постигна 12 гола и забележа три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот