Фондот за иновации денес на онлајн прес-конференција ќе го презентира новиот предизвик КРЕАТОН

ФИТР Фото: МИА

Како што наведуваат од ФИТР, предизвикот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери, односно експерти.

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе одржи онлајн прес-конференција на која ќе бидат презентирани деталите за новиот предизвик КРЕАТОН, чија цел е прибирање идеи за развој на дигитални и други алатки и решенија наменети за различни старосни групи и категории на граѓани за побезбедно и поквалитетно справување со новонастанатите околности по прогласената пандемија од Ковид-19.

Како што наведуваат од ФИТР, предизвикот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери, односно експерти.

-Со овој повик ФИТР како одговорна институција се вклучува во напорите за подигање на свеста за почитување на препораките и ограничувањата за справување со епидемијата од коронавирусот и последиците од неа. Од друга страна, целта е да ги поттикнеме и мотивираме граѓаните, организациите и компаниите да развијат иновативни и креативни решенија за обезбедување подобар квалитет на животот во овие вонредни околности, наведуваат од Фондот.

Во согласност со мерките за превенција и со цел заштита на новинарите, прес-конференцијата ќе биде исклучиво онлајн и пренесувана на Фејсбук страницата и Јутјуб-каналот на ФИТР со почеток во 12 часот.

Претставниците на медиумите ќе можат директно да поставуваат прашања во инбокс на фејсбук-профилот на ФИТР и на адресата [email protected] за времетраењето на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот