Фон дер Лајен денеска и утре ќе престојува во Србија

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска и утре ќе престојува во Србија, објави прес-службата на претседателот на Србија.

Белградските медиуми објавија дека фон дер Лајен ќе учествува со Вучиќ во започнувањето на проектот за железничкиот коридор 10 утре и дека се планира да присуствува на потпишување на договорот за санација на делот од автопатот за мир Ниш-Приштина, кој се прави со финансиска поддршка од ЕУ.

Пред посетата на Белград, каде што треба да се сретне со српската премиерка Ана Брнабиќ, фон дер Лајен ќе разговара во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти и  претседателката Вјоса Османи, а потоа во Подгорица со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерот Здравко Кривокапиќ.

Претседателката на Европската комисија ја започна својата официјална посета на Западен Балкан вчера во Тирана.

Турата на регионот фон дер Лајен ја завршува утре со посета на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот