Фолк пејачката Ани Малинкова: Планински туризам ми е избор за ова лето

Природните убавини на нашата земја, се предизвик за истражување во секое годишно време. Денес во период на вирусна пандемија и затворените граници за поголем дел од земјите, населението има поголем мотив да ги посети македонските плажи во земјава.

Естрадните уметници, кои во текот на својата кариера се постојано изложени на јавните погледи, со задоволство заминуваат во периферните предели на нашата држава.

Instagram

Нашата фолк пејачка Ани Малинкова, која потекнува од Кавадарци, а долги години работи и живее во Скопје со своите две ќерки, за Слободен печат вели дека изборот ова лето за одмор ќе биде планина.

„Јас ја обожавам Шар Планина, а костените кои растат во пределот сакам да ги берам. Планирам да поминам поголем дел летово во таа област“.

Чист воздух далеку од центарските метежи, во период кога е потребно да се заштитиме. Здравата храна во високите предели е добредојдена, раскажува Малинкова.

„Не ги изоставам и околните планини за уживање во текот на викендот, Скопска Црна Гора која има прекрасни шумски јагоди. Додека Водно го посетувам целата година во утринските часови, со мојот домашен миленик, бела француска пудла“.

Омилениот избор за лето на Малинкова е некое од соседните мориња или посетата на Грција. Но, поради актуелната состојба одбира планински туризам.

„Шумскиот мирис, звукот на водата со изворите и разнобојните планински цвеќиња, се вистинска релаксација во летото“ – констатира Малинкова.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот