„Фламинго“ удри на „орешник“: Украина тврди дека погодила место за лансирање ракети во Русија

Во јануари 2026 година, украинските одбранбени сили извршиле серија прецизни напади врз комплекс од хангарски објекти на рускиот воен полигон Капустин Јар, во Астраханската област, каде што, според достапните информации, се спроведуваат подготовки пред лансирање на балистички ракети со среден дострел.

Ова го соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во четвртокот, на 5 февруари, пренесува порталот Нв.уа(nv.ua) а пренесува Нова.рс.

Според украинската војска, серијата напади била изведена со употреба на оружје за далекудометни удари од домашно, украинско производство, меѓу кои и беспилотното летало ФП-5 „Фламинго“.

Како што наведуваат од Генералштабот, врз основа на достапните информации, дел од објектите на територијата на полигонот Капустин Јар претрпеле штети од различен степен. Еден од хангарите бил сериозно оштетен, додека дел од персоналот бил евакуиран од областа.

Потсетување дека на 9 јануари беше објавено оти Русија го нападнала регионот Лавов со балистички ракети лансирани токму од полигонот Капустин Јар. Според украинските воздухопловни сили, проектилот се движел со брзина од околу 13.000 километри на час.

Подоцна, претседателот Володимир Зеленски потврди дека Русија ја нападнала Украина во текот на ноќта со употреба на балистичка ракета со среден дострел од типот „орешник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот