ФК Брегалница ангажираше поранешен младински репрезентативец на Македонија

фото: fkbregalnica.mk

Низ првите денови на новата година, ФК Брегалница го ангажираше и првото засилување за пролетниот дел од шампионатот.

Нов фудбалер на „сините“ е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Калпачки кој доаѓа од редовите на ФК Скопје.

22-годишниот Калпачки, кој до изминатата година беше член на младата репрезентација на Македонија, ќе го засили средниот ред на тимот на Горан Здравков.

Со ангажманот на Калпачки, Брегалница продолжува со сопствената интенција за поддршка и промоција на млади и талентирани фудбалери на кои треба да се гради и тимот.

Калпачки потекнува од младинската школа на Хоризонт Турново, играше во својата кариера и за Беласица како и за словенечка Крка, од каде на почетокот од сезонава потпиша за Скопје. Сега, низ продолжението на првенството, ќе го носи синиот дрес. ФК Брегалница во Првата фудбалска лига е на шестото место по 16 натпревари со 21 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот