ФИТР и ДЗИС потпишаа меморандум за соработка со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании

ФИТР Фото: МИА

 Фондот за иновации и технолошки развој и Државниот завод за индустриска сопственост потпишаа меморандум за соработка со цел поттикнување на иновациите и афирмација на домашните компании и организации.

Соработката ќе се реализира преку организирање на активности за поттикнување на заштита на иновациите, размена на информации, знаења и искуства, учество во работни тела и организирање на настани, инфо сесии, обуки, работилници и промоции.

– Очекувам ваквата соработка да придонесе за подигнување на свеста за потребата од заштита на иновативните производи и услуги на македонските компании, како и бенефитите кои произлегуваат од стекнувањето на заштитата. Со заеднички напори, размена на информации и идеи ќе овозможиме македонските иноватори да успеат и да станат поконкурентни на домашните и странски пазари, изјави Коста Петров, директор на ФИТР.

Директорот на Заводот за индустриска сопственост Горан Герасимовски се надева дека преку овој меморандум домашните компании се повеќе ќе ги заштитуваат своите производи.

– Преку овој Меморандум на соработка верувам дека домашните компании се повеќе ќе ги заштитуваат своите производи, бидејќи патентот, трговската марка, индустрискиот дизајн, географскиот назив не само што ја јакне конкурентноста на претпријатието туку го зголемува угледот преку тоа што го докажува својот технички капацитет, инвентивноста и експертиза во областа во која тоа претпријатие работи, изјави Герасимовски.

Од ФИТР оценуваат дека со ваков пристап, прават значителен чекор во поттикнување и развој и на македонската стартап сцена и поголем раст на домашните компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот