Фити: МАНУ ќе усвои повелба за македонскиот јазик

Таки Фити/ Фото: МИА

Академик Таки Фити во денешната дебатна емисија на ТВ 24 „Тренд анализа“ се осврна на прашањето на припадноста на Гоце Делчев околу кој се води спор помеѓу македонската и бугарската комисија.

„Не е важно дали е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички. Што тој допринел за Македонија? Тој не е роден во Бугарија, туку во Кукуш. И да сакал да се декларирал како Македонец, не можел, тогаш не постоела македонска држава. Ние го сметаме Гоце како наш, кој цел живот се борел за македонската кауза. Можеби слични проблеми ќе имаме и за македонската преродба, каде имаме многу револуционери. Тука е суштината на македонизамот и треба да бидеме тврди. Верувам дека за тие преродбеници кои се Македонци нема да прават проблем, како што е на пример Крсте Петков Мисирков – вели академик Фити.

Околу измените на учебниците, академик Фити потенцираше дека учебниците треба да бидат реципрочни. Не смее само едната страна да менува, а другата не. МАНУ има 40 членови и секој има право на свој став.

-На 3 декември ќе усвоиме посебен документ за македонскиот јазик, повелба за македонскиот јазик, каде изнесуваме факти и аргументи. Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршув – потенцираше Фити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот