Фиренца забрани нови огласи за издавање станови на туристи, изнајмувачите реагираат

Фиренца, Италија
Фиренца, Италија / Фото: Pexels/Maegan White

Фиренца ги забрани новите реклами на дигиталните платформи за краткорочно изнајмување станови во историскиот центар и најави стимулации кои треба да ослободат повеќе простор за домување на граѓаните. Градот усвои нови прописи со кои се нудат тригодишно даночни олеснувања на сопствениците кои ги заменуваат краткорочните изнајмувања за одмор со долгорочни изнајмувања на станбен простор на локалните жители, рече градоначалникот Дарио Нардела, објави Индекс.хр.

„Во 2016 година имавме нешто помалку од 6.000 станови на платформата Ербиенби, а денес ги има речиси 14.378“, рече градоначалникот од Фиренца, истакнувајќи дека во тој период просечната месечна цена за изнајмување на становите скокнала за 42 отсто.

Годинава цените пораснаа за 15,1 отсто, изјави Нардела.

„Околу 40.000 граѓани на Фиренца кои живеат во центарот на градот се жалат дека (нивните згради) преку ноќ се претворени во хотели со апартмани“, додаде градоначалникот.

Градовите во другите делови на светот имаат слични проблеми, како што е Њујорк, кој одлучи да ги заостри регулативите за краткорочно изнајмување. Владата во Рим работи на предлог-закон со кој, според медиумите, ќе се бара престој од најмалку две ноќевања во станбени згради во историските центри на градовите и општините со голем број туристи. На сите станбени недвижности што им се издаваат на туристи треба да им се даде национален код за идентификација за полесно следење и регулирање на изнајмувањето, со закана за глоба до 5.000 евра за изнајмувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот