Финансиска полиција на Клиниката за торакална хирургија, се проверува како заглавила во долгови од 4,6 милиони евра
Финансиската полиција денеска влегла на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, каде ги проверува јавните набавки во изминатите седум години, објави „Телма“.
Препорачано
Поранешниот директор на клиниката, Неџати Јакупи, кој беше и министер за животна средина како кадар на ДУИ, управувал со здравствената установа во времето кога се создадоа големи долгови од 4,6 милиони евра. Полицијата обезбедила документација за јавни набавки и договори, која сега се анализира за можни неправилности или кривични дела.
Според извори од клиниката, таа била оставена со долгови и забележано е дека операционата сала, која беше отворена во 2020 година како „сала според светски стандарди“, никогаш не била ставена во употреба. Дополнително, се открило дека клиниката има склучено неколку тендери за реновирање и опрема на сала, вклучувајќи тендери за градежни и машински работи со вкупна вредност над 61.000 евра и тендери од 172.000 евра за инсталации, мебел и осветлување на новата сала, објави „Телма“.


