Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на филмските работници за време на вонредна состојба.

Исто така, Владата ја донесе и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба за исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари.

Денеска е донесена и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба.

Согласно со Уредбата, невработено лице на кое работниот однос му престанало во периодот од 11 март до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, може да оствари право на паричен надомест во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец.

-Овој надомест се исплатува во случај кога работниот однос му престанал со давање писмена изјава од страна на работникот, кога спогодбено му престанал работниот однос или кога работниот однос му престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеца, сметано од престанокот на работниот однос. Со донесување на Уредбата ќе се обезбеди материјално обезбедување и на невработени лица на кои работниот однос им престанал не по нивна вина и волја, наведува прес-службата на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот