Финалето на Вимблдон нема да биде помеѓу Ѓоковиќ и Федерер

Ѓоковиќ и Федерер во своите витрини имаат по 20 грен слем шампионски пехари/ Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Тренерот на Серена Вилијамс и на Стефанос Циципас, Патрик Муратоглу смета дека Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за трофејот на Вимблдон.

Муратоглу смета дека Федерер и Ѓоковиќ нема да имаат реприза од последното финале на Вимблдон и смета дека некој од младата генерација на тенисери ќе успее да го совлада Швајцарецот.
– Навистина ми е тешко да го замислам Федерер да игра пет сетови во оваа форма во која се наоѓа како и со годините ко ги има. Доколку се случи изненадување околу победникот на Вимблдон  тоа ќе го приреди некој од младите играчи, од новата генерација – вели Муратоглу.

Тренерот на Серена Вилилијамс и на Циципас смета дека апсолутен фаворит за титулата е првиот носител Новак Ѓоковиќ.
– Бидејќи ги нема Рафаел Надал и Доминик Тим патот дополнително е олеснет за Ѓоковиќ, а тоа го прави уште поголем фаворит. Многу е тешко да се носите со него. Новак е супер фаворит – смета Муратоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот