Филипче со порака до ВМРО-ДПМНЕ: „Ако не помагаат, барем да не одмогнуваат“

фото Архива

“Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмогнуваат”, одговори на новинарско прашање денеска министерот Венко Филипче откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од  него оставка.

Филипче од салата „Борис Трајковски“ каде што се вршата подготовките за почеток на процесот на имунизација уште еднаш упати апел до опозицијата да биде конструктивни.

Денеска пред Министерството за здравство, протест одржа  ВМРО-ДПМНЕ. Присутните на денешниот протест со едноминутно молчење им оддадоа почит на починатите од ковид-19, по што побараа оставка од министерот за здравство Венко Филипче и одговодност од премиерот Заев Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот