Филипче: Се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст

Венко Филипче / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги најави новите препораки, според кои се препорачува трета доза вакцина за граѓаните над 60 годи, здравствените работници и хронично болните.

– Според новите препораки, се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60-годишна возраст како и за здравствени работници без разлика на возраста. Трета доз вакцина ќе треба да примат и хроничните болни, без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер“, вели Филипче.

Надмината е бројката од 700 000 граѓани кои се вакцинирани. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

– Вчера пристигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“, имаме и 50 000 од „Синовак“, така што сметам дека имаме доволно вакцини. Ситуацијата е под контрола, се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника, како и на интерните клиники., рече Филипче.

Исто така, министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250 000 дози од производителот „Џонсон и Џонсон“.

Што се однесува до наставата, тој информираше дека во најголем број училишта ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови, но за тоа сè уште не може да каже повеќе детали.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со премиерот Заев кој неодамна изјави дека отставката на Филипче не е добро да се прифати бидејќи на тој што ќе дојде на негово место ќе му требаат шест месеци да ги преземе обврските, министерот изјави дека „никој не е венчан за функцијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот