Филипче на покана на Борисов денеска ќе присуствува на седница на бугарската влада

Министерството за здравство, информира дека министерот д-р Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија.

На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Северна Македонија да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против ковид-19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против ковид-19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот