Филипче: Има страшни клинички слики, белите дробови се збришани, сè е бело

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Очигледно е дека овој вирус дава потешка форма на болеста, ние тоа го гледаме. Гледаме како настапува влошување кое не може да се контролира кај пациентите, рече министерот Венко Филипче зборувајќи за сериозноста на новите мутации на коронавирусот и за високата смртност.

„Имаме пациенти кои доаѓаат навреме во болница, ја примаат целата потребна терапија, влошуваат и не може да им се помогне. Има луѓе кои доаѓаат доцна во болница кои, исто како и тие што доаѓаат на време, ја примаат истата терапија и повторно не може да им се помогне. Толку се страшни клиничките слики, има белодробија кои се збришани, значи нема структура белиот дроб повеќе, на сликата сè е бело како да нема белодробно ткиво“, рече Филипче во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Тој рече дека влошувањето кај пациентите се должи на згрутчувањето на крвта односно појавата на тромбоза на сите нивоа.

„Сè се темели, и клиничката слика и влошувањето, на згрутчувањето на крвта. Таков е вирусот и тоа ние го видовме. Едноставно целиот научен свет собира сознанија и анализира зошто се толку чести тромбозите на секое ниво: на мозочните артерии, на белодробните артерии … Се губи белодробната функција не заради слабоста на самото белодробие како ткиво туку како резултат на тромбозата на крвните садови што ги хранат белите дробови. Тоа е нешто што се случува за жал и покрај целата терапија што се дава, ја имаме најскапата терапија што се дава насекаде во светот“, рече Филипче додавајќи дека нема генерално правило туку терапијата, која е унифицирана, се дозира согласно состојбата на пациентот односно клиничката слика, коморбидитети итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот