Филипче: Доколку често се мијат рацете, ракавиците не се неопходни за носење

Фото: Unsplash

Според Филипче, само маската, односно заштитна опрема за лицето и ностот останува како неопходна.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека доколку внимателно и често се мијат рацете, тогаш ракавиците апсолутно не се неопходни за носење.

Филипче појасни дека ракавиците, доколку се носат невнимателно или со нив се манипулира околу прекривката или маската за устата и носот, тогаш можат да го пренесат вирусот.

-Во однос на ракавиците, апсолутно е битно прашање. Доколку се внимава и не се манипулира околу устата и носот и со маската, и доколку често се мијат рацете во долго времетраење од дваесетина секунди, сметам дека апсолутно ракавици не се неопходни. Заради тоа што и ракавици доколку се носат и невнимателно се манипулира околу прекривката на устата, носот или маската, тогаш може да се пренесе вирусот, рече министерот Филипче во одговор на прашање.

Според Филипче, само маската, односно заштитна опрема за лицето и ностот останува како неопходна.

Во однос на прашањето дали има пациент во државата кој бил поставен на респираторна машина, а сега веќе е излекуван и пуштен на домашно лекување, Филипче одговори дека до сега нема таков случај.

-Не, нема излекуван пациент на респираторна машина, има повеќе пациенти кои што подолг временски период се лекуваат, а сега планираме и промена на начин на лекување во однос на правење на тахеростома и трахеотомија на некој кој што веќе покажува знаци дека може да закрепне, рече министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот