Филипче: До 17 часот се вакцинирани 199 здравствени работници од Скопје и другите градови

Попладнево бев во модуларната болница на Инфективната клиника каде во тек е вакцинација на здравствени работници од првата фаза за имунизација. До 17 часот вакцинирани се 199 здравствени работници, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил

Тој посочува дека имунизацијата се одвива непречено на 10 минути на шест вакцинални позиции.

– Во тек е вакцинација на здравствените работници од Скопје и другите градови од државата, објави Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот